Vora
Завршен проектГласовен AI агент кој прима телефонски повици на македонски јазик, разбира, одговара и автоматски го зачувува целиот разговор.

Преглед
Vora (VOXERA) е гласовен AI асистент кој прима вистински телефонски повици на македонски јазик. Повикот се води преку SIP број, агентот слуша, разбира и одговара во реално време, а по завршување на повикот целиот разговор автоматски се обработува и зачувува во база.
Што прави
Прима телефонски повици на македонски, разговара со говорникот, ги извлекува неговите податоци и проблемот, и создава запис од секој повик со транскрипт и резиме.
Како работи
Повикот доаѓа преку DIDWW SIP број до Vapi.ai, кој го оркестрира разговорот: ElevenLabs Scribe го слуша македонскиот говор, GPT-4o разбира и одговара, а ElevenLabs го изговара одговорот. По крајот на повикот се активира webhook кон n8n, кој ги мапира податоците (име, телефон, е-пошта, проблем) и ги зачувува во базата.
Документација
Screenshots








Видео
Датотеки за преземање
Технологии и алатки
Тековен напредок
Проектот е завршен и тестиран со 37 повици и над 29 минути разговор, со успешност од 36 од 37 повици.
Следни чекори
- •Прикачување на видео демонстрација од вистински повик
- •Проширување на сценаријата за разговор
- •Извештаи и аналитика над зачуваните повици